Нигерискиот министер за надворешни работи, Џефри Ониема најави дека неговата земја со авион ќе ги собира илјадниците свои граѓани кои сакаат да се вратат во Нигерија од Либија.
Најголем дел од мигрантите кои преку Либија и Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Европа се од Нигерија.
Откако локални вооружени фракции и либиската крајбрежна стража почнаа да ги спречуваат мигрантите да заминат од северниот либиски брег, многу од нив останаа блокирани во Либија.
– Два авиона денеска пристигнаа и се надеваме до крајот на денов да евакуираме околу 800 Нигеријци, истакна Ониема.
Тој најави дека ќе бидат вратени околу 5.500 мигранти.