Независна Шкотска треба да се откаже од фунтата и да создаде своја валута

Од:

Независна Шкотска ќе треба да создаде своја валута и да се откаже од фунтата, доколку сака да има контрола врз даноците и нивото на трошење, тврди шкотскиот економист Џон Ки, поранешен главен советник на првиот министер Алекс Салмонд.

Според професорот Ки, одржувањето на монетарна унија меѓу Шкотска и „остатокот“ на Велика Британија, е спротивност на настојувањето да се има фискална слобода, за што се залага Шкотската национална партија (СНП) и нејзниниот лидер Салмонд, како и на тврдењето дека тоа ќе биде најголемата полза од отцепувањето и прогласувањето независност.

Ако Шкотска не сака Лондон и тамошниот Парламент да имаат контрола врз даноците и буџетското трошење, ќе мора да создаде своја валута, инсистира професорот Ки. Тој уште вели дека властите во Единбург мора да бидат свесни, дека како членка на ЕУ, Шкотска не ќе може да користи дел од наследството од рабатот од европскиот буџет, односно од парите што Велика Бртанија сега ги добива назад, затоа што користи малку средства од фондовите за субвенционирање на аграрот. Тоа сега се 2,9 милијарди фунти годишно кои се враќаат во британскиот буџет, од кои пропорционално, еден дел се префрла и во Шкотска.

Првиот министер Салмонд досега во повеќе наврати изјави дека Шкотска ќе ја задржи фунтата како своја валута и по отцепувањето од Велика Британија. Референдум за независност е предвиден за окотомври 2014 година.

Предупредувањето на Џон Ки доаѓа по објавувањето на извештајот на една холандска банкарска група за тоа дека независноста ќе и наштети на економијата на Шкотска и на економијата на она што ќе остане од сегашната Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска