Независна Каталонија ќе остане надвор од ЕУ

Од:

Потпретседателот на Европската комисија, Шпанецот Хоакин Алмунија, денеска ги предупреди лидерите на шпанската провинција Каталонија да не се надеваат на членство во Европската Унија ако прогласат независност.

Властите на Каталонија најавија дека в година ќе одржат референдум за прогласување независност.

– Ако дел од некоја членка на ЕУ се отцепи од државата, отцепениот дел нема да биде членка на ЕУ – предупреди Алмунија.

Во изминатата среда, повеќе од еден милион луѓе држејќи се за раце формираа човечки синџир долг 400 километри, како поддршка на иницијативата за независност. Анкетите покажуваат дека близу една половина од граѓаните на Каталонија би се изјасниле позитивно на референдумот.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски