Невремето во Италија однесе три жртви

Од:

Три жени загинаа во Италија во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови, што синоќа го зафатија северниот дел на земјата.

Телото на 73-годишна вдовица било пронајдено од пожарникарите во Муџа, во близина на Трст. Нејзината куќа била однесена од свлечиште со земја.

Во централната италијанска провинција Гросето, зафатена од поројните дождови, две сестри на возраст од 69 и 65 годинаи, синоќа беа однесени од надојдената река, додека патувале во автомобил, соопштија денеска италијанските медиуми.

Нивните тела пожарникарите ги пронашле уште синоќа во автомобилот со кој патувале, на 60-70 метри од патот, на средина од поле. Автомобилот бил потонат во кал.

Локалните власти информираа дека нема други жртви од поројните дождови, што вчера врнеа врз рамнината Марема, северно од Рим. За секој случај биле евакуирани педесетина лица. Според сведоци неколку лица успеале да се спасат, качувајќи се на дрва, од каде биле спасени со чамци или хеликоптери.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага