Невладина организација бара Берлин да уапси заменик директор на ЦИА

Од:

Случајот на саудискиот граѓанин Абу Зубајда, кој бил осомничен за учество во нападите на 11 септември е меѓу причините поради кои „Европскиот Центар за уставни и човекови права“ од германската влада бара да уапси заменик директор на ЦИА, која спроведувала тортура над осомничени терористи.

Невладината организација вчера до германското федерално јавно обвинителство поднела претставка, според која Гина Хаспел е одговорна затоа што дозволила мачење со вода на затвореници во таен затвор во Тајланд, пишуваат германските весници.

Јавното обвинителство денеска потврди дека примила вакво барање кое што се разгледува. Претходни слични барања не доведоа до апсење, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Според организацијата, мачењето со вода (најчесто мокра крпа со која се затвора устата на осомничените за тероризам) кое што според американските правила е засилено испрашување, најголемиот дел од светот го третира како тортура.

Гина Хаспел е првата жена оперативец на ЦИА, којашто успеа да стане заменик директор на ЦИА.

Германското обвинителство може да покрене истрага за случаи во странстов само доколку постои јасна поврзаност на земјата со активностите на ЦИА. Досега единствен таков случај е Либанецот Калед Ел Масри носител на германски пасош кој беше уапсен во Македонија, по што од страна на САД беше пренесен во Авганистан.

Според организацијата, активностите на ЦИА имаат голем број на конкретни врски со Германија и затоа Берлин треба да започне истрага.
Во 2013 година обвинителството во Минхен издаде налог за апсење на 13 агенти на ЦИА, кои биле дел од тајна операција за апсење и испитување на осомничени за тероризам но Германската влада одби да побара нивно испорачување од САД, пред се поради одличните односи меѓу Германија и администрацијата на Обама.

Би можело да ве интересира

Голема евакуација во Оснабрик, копајќи темели за нова зграда пронајдени се бомби од Втората светска војна

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан