Нетанјаху: Претставив практична алтернатива

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изајви дека неговиот говор во Конгресот на САД овозможи меѓународната заедница да слушне што Израел има да каже за „лошиот договор“ што моментално се преговара со Иран.

Нетанјаху утринава допатува во Израел по вчерашниот контроверзен говор за иранската нуклеарна закана на заедничка седница на Конгресот.

– Во својот говор во Конгресот понудив практична алтернатива. Мојата алтернатива во една рака, ќе ја продолжи иранската пауза во развојот на нуклеарно оружје, со ставање во сила на остри ограничувања доколку Техеран го прекрши договорот, изјави тој.

Алтернативата предложена во Конгресот, исто така, предвидува санкциите на Иран да не бидат укинати автоматски додека не престане да шири тероризам низ светот, да ја прекине агресијата против соседите и да престане да се заканува со уништување на Израел.

– Добив впечаток дека пратениците сега подобро разбираат дека тоа е лош договор и што е соодветна алтернатива, изјави Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

Претседателот на САД Барак Обама синоќа изјави дека немало ништо ново во говорот во Конгресот, нагласувајќи дека Нетанјаху не предложил подобра алтернатива на преговорите.

Нетанјаху не понуди никаква конкретна алетернатива, изјави Обама во Овалната соба, додавајќи дека се уште нема договор, но ако биде успешен, факт е дека тоа ќе биде најдобриот можен договор со кој ќе се спречи Иран да има нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски