Нетанјаху посветен на визијата две држави за два народа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека е посветен на визијата за две држави за два народа.

– Ја поддржувам визијата на две држави за два народи – демилитаризирана палестинска држава која ја признава еврејската држава, истакна Нетанјаху.

Тој додаде дека е посветен на мирот и оти сака да биде ставен крај на судирите.

Израелските медиуми објавија дека Нетанјаху првпат дава изјава за две држави за два народа по минатонеделната инагурација на својата нова десничарска Влада.

Израелскиот посочи дека Израел во последните неколку месеци презел чекори за олеснување на секојдневниот живот на Палестинците и оти планира и дополнителни мерки.

Могерини денеска во Рамалах се сретна и со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски