Нетанјаху нуди преговори со Палестинците

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави пред шефот на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини дека би сакал да ги обнови преговорите со Палестинците, објави Харец.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малки нагласи дека Нетанјаху се обидува „да го измами светот со својот безначаен говор“.

Главниот палестински преговарач потсетува на палестинскиот став за населбите истакнувајќи дека е јасно дека тие се нелегални и оти се дискусијата за новните граници е ирелевантна.

За време на неодамнешната посета на Могерини, нетанјаху и се доверил дека цел му е постигнување на разбирање за границите на блокови на еврејски населби кои Израел би ги анектирал врз основа на мировен договор. Тој смета дека така би било појасно на кои делови од Западниот брег Израел би можел да продолжи да гради.

Нетанјаху како што наведува весникот, дал многу голема важност на состанокот со Могерини од минатата среда. Таа изразила намера да утврди дали се можни мировни преговори.

Висок израелски официјален претставник рекол дека Натанјаху сака да изрази подготвеност и волја за обнова на преговорите имајќи предвид недоверба од ЕУ кон него во однос на палестинското прашање.

Нетанјаху е загрижен поради подготовките во Брисел да се воведат санкции како што се означување на производи од Западниот брег во продавници во ЕУ како и настојувањата на Франција да му претстави на СБ на ОН резолуција што ќе одреди принципи за решение за судирите меѓу двата народа.

Затоа тој на почетокот од состанокот со Могерини рекол дека е посветен на принципот на две држави за два народа и тоа пред камери. Тогаш тој за првпат тоа јавно го рече по формирањето влада иако пред изборите тврдеше дека палестинска држава нема да биде формирана ако повторно биде избран за премиер.

Могерини во одговор не користела фраза за решение за две држави туку онаа што ја сака Израел – две држави за два народа што е индиректно признавање на израелското барање да се признае држава на еврејскиот народ.

Тоа барање Палестинците неколкупати го одбија.

– Заинтересирана сим да видам чекори на терен што ќе го образложи вашето соопштение и ќе покаже посветеност за решение за две држави за два народа, рекла Могерини, како што тврди изворот на кој се повикува Харец.

Нетанјаху рекол дека сака обнова на преговорите со Палестинците што е можно побргу. Во еврејските населби на Западниот брег и во источните делови од Ерусалим живета повеќе од половина милион Евреи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски