Нетанјаху: Мојот план за преземање на Газа би можел да помогне во ослободувањето на заложниците

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговиот воен план за преземање на контролата врз градот Газа би можел да помогне во напорите за ослободување на преостанатите заложници, за кои се верува дека се држат претежно во централниот дел од Појасот Газа.

„Мислам дека потегот за кој зборувам има потенцијал да ги ослободи. Не сакам да навлегувам во детали, но како за да ги извлечеме преостанатите заложници живи треба да се приближиме кон Хамас“, рече Нетанјаху.

Според него, постојат „различни креативни“ начини да се направи ова.

„Опцијата за водење војна на исцрпување од одбранбени позиции не се покажа како успешна. Не мислам дека тоа… ќе доведе до нивно ослободување, но верувам дека ќе нè вовлече во долготраен конфликт што нема да ја заврши војната“, додаде израелскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Над 6.000 повредени во Израел

Блискиот Исток во пламен: Иран и Хутите испукаа ракети кон Израел

Израел: Воената операција во Либан може да трае со години