Над 6.000 повредени во Израел

Од:

Израелското Министерство за здравство денес објави дека 232 лица повредени во конфликтот со Иран се префрлени во болници во последните 24 часа, со што бројот на хоспитализирани лица поради војната се искачи на повеќе од 6.000.

Во соопштението се наведува дека од почетокот на војната со Иран, односно од 28 февруари, 6.008 лица се примени во болниците во Израел, од кои 121 се моментално хоспитализирани, објави „Тајмс оф Израел“.

Се нагласува дека меѓу хоспитализираните поради повреди има војници и цивили.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени