Нетанјаху: Кој ќе не повреди, и ние ќе го повредиме, со Божја помош ќе ги победиме сите непријатели

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен за директен напад од Иран и дека ќе одговори на истиот начин.

„Граѓаните на Израел, во последните години, а уште повеќе во последните недели, Израел се подготвува за можност за директен напад од Иран. Нашите одбранбени системи се распоредени и ние сме подготвени за секое сценарио, како во одбраната така и во нападот. Државата Израел е силна“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека го цени фактот што Соединетите Американски Држави (САД) застанаа во одбрана на Израел, но и поддршката од Велика Британија, Франција и други земји.

„Утврдив јасен принцип – кој и да не повреди, ние ќе го повредиме. Ќе се браниме од секаква закана и тоа ќе го направиме мирно и одлучно. Знам дека и вие, граѓаните на Израел, сте мирни. Ве поканувам да ги слушаме директивите на Командата, стоиме заедно и со Божја помош, заедно ќе ги победиме сите наши непријатели“, рече Нетанјаху.

Иран го нападна Израел со лансирање на десетици беспилотни летала, а се проценува дека ќе им требаат неколку часа за да го поминат растојанието и да стигнат до целите. Секој дрон носи по 20 килограми експлозив.

Би можело да ве интересира

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса