Нетанјаху: Ќе го уништиме Хамас

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес во Вашингтон изјави дека „големи работи“ се случуваат кога Израел и Америка работат заедно, без Тел Авив да се откаже од целта за уништување на Хамас.

Тој пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никогаш немало ниво на координација, соработка и доверба меѓу Америка и Израел како што има денес“.

„За ова извонредно достигнување му оддавам признание на претседателот Трамп и мислам дека народот на Израел, а ако можам да кажам така, еврејскиот народ, го цени тоа“, рече Нетанјаху.

Тој нагласи дека Израел е посветен на исполнување на сите воени цели во Газа, вклучително и ослободување на заложниците, уништување на воените и административните капацитети на Хамас и обезбедување дека Газа повеќе нема да биде закана за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

„Тоа значи дека ќе го нема Хамас. Ова мора да се разбере. Потребна е одредена стратегија. Потребни се некои потези кои се многу болни (за Израел) и некои кои се многу болни за Хамас“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп: Заканата од Газа нема да се повтори, постигнат е договор за разоружување

Горан Наумовски

Половина од Американците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху

(ВИДЕО) Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху во Белата куќа: Украина добива лиценца за производство на ракети „Патриот“

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он

Трамп: Нетанјаху следната недела доаѓа во Вашингтон

А1он

Нетанјаху: Нормализацијата со Саудиска Арабија е историски чекор кон мирот