Нетанјаху: Израел нема да биде двонационална држава

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел нема да биде двонационална држава, отфрлајќи го на тој начин предупредувањето од американскиот државен секретар Џон Кери.

На состанокот на кабинетот, Нетанјаху рече дека „Израел нема да биде двонационална држава, но дека за постигнување мир неопходно е и другата страна да одлучи дали сака мир“.

Во вчерашниот говор во Вашингтон на Брукингс институтот, Кери предупреди на опасноста од можен колапс на Палестинската управа.

– Ако тоа се случи, Израел би можел да ја преземе целосната власт на Западниот брег, што би можело да доведе до создавање единствена држава, а тоа би ја загрозило иднината на Израел како еврејска и демократска држава, објасни Кери.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас