Нетанјаху: Израел не е во војна со Либанците, ние се бориме против Хезболах и Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ги повика либанските граѓани да „се приклучат на Израел во мир“ и покрај „одвратните цели“ на Иран и Хезболах, велејќи дека Хезболах и Иран се единствените пречки за добри односи.

„Имам порака за вас, народот на Либан. Израел не е во војна со вас. Ние сме во војна со Хезболах, кој ја зеде вашата земја како заложник, кој ги исполнува иранските барања, кој ја користи вашата територија за да изврши терористички напади врз Израел“, рече Нетанјаху во видео порака на англиски јазик до либанските граѓани.

Нетанјаху рече дека Хезболах е послаб од кога било, а Израел е посилен од кога било, додавајќи дека израелската армија (ИДФ) елиминирала речиси 10.000 членови на Хезболах и „продолжува систематски да го чисти Јужен Либан од овие фанатици“, објавува „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он