Нетанјаху: Израел ќе ги засили нападите врз Иран и Хезболах

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ги засили нападите врз Иран и либанскиот Хезболах, зборувајќи за време на посетата на воздухопловната база Палмахим, во придружба на министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-потполковник Ејал Замиром.

„Хезболах направи многу голема грешка кога нè нападна. Веќе одговоривме силно и ќе продолжиме со уште поголема и дополнителна сила. Нашите пилоти се на небото над Иран и Техеран, но и над либанско небо“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху оцени дека Хезболах го влече Либан во војна единствено поради смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кого го нарече „масовен убиец“.

Би можело да ве интересира

Израел распоредува дополнителни сили на Западниот брег

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Нетанјаху најави одземање државјанство за критичарите на израелската армија

ВИДЕО: Од мала планинска милиција до моќна воена сила – подемот на Хутите

Катерина Ѓуровски

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН