Нетанјаху го обвини Абас дека поттикнува насилство

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини палестинскиот претседател Махмуд Абас дека „поттикнува пламени“ од најновото насилство.

Вечерва, на прес-конференцијата со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун во Ерусалим нетанјаху посочи кон Абас како разгорувач на најновото насилство меѓу Израелците и Палестинците.

– Претседателот Абас не осуди ниту еден од 30 терористички напади врз Израелците за време на изминатиот месец и продолжува да ги велича терористите како херои, истакна Нетанјаху.

Бан допатува во ненајавена посета на регионот и повика на смирување на ситуацијата и побара да се стави крај на насилството во кое се убиени десетмина Израелци, 43 Палестинци и еден емигрант од Еритреја.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас