Нетанјаху: Доживеавме еден од најтешките денови во војната, ќе продолжиме до победа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по експлозијата во Појасот Газа, во која загинаа 21 израелски војник, дека Израел ќе продолжи да се бори во Газа до „апсолутна победа“, и покрај тоа што претрпе еден од најтешките денови од почетокот на воената офанзива против палестинската енклава.

„Вчера доживеавме еден од најтешките денови од избувнувањето на војната. Во името на нашите херои, во името на нашите животи, нема да престанеме да се бориме до апсолутна победа“, рече Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека војската ја истражува „трагедијата“ во која загинаа 21 војник кога експлозија погоди згради во центарот на Газа.

Израел претходно соопшти дека 21 војник загинал во Појасот Газа кога две згради се урнале по голема експлозија и наводно тенк бил погоден со проектил.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, израелската армија сè уште ја истражува причината за експлозијата, но се верува дека е предизвикана од проектил испукан кон зграда во која биле складирани мини.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно