Нетанјаху бара „поповолен“ нуклеарен договор со Иран

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика американските конгресмени да инсистираат на постигнување „поповолен“ договор за иранската нуклеарна програма.

– Според мене единствено исправно е да не се поддржи овој договор. Можно е да се направат многу нешта за одвраќање на иранската агресија, но овој Договор не е меѓу нив, изјави Нетанјаху за телевизијата Си-Би-Ес.

Нетајаху смета дека Договорот за иранската нуклеарна програма, што го постигнаа Иран и шесте светски сили на преговорите во Виена, не го спречува Техеран да произведе атомска бомба, туку само ги одлага таквите негови намери.

Израелскиот премиер вели дека се чувствува обврзан да говори отворено против Договорот, бидејќи, според него, тој ја загрозува неговата земја, регионот и целиот свет.

–  Израел нема да може да се чувствува безбеден доколку Договорот стапи во сила, нагалси Нетанјаху.

Во врска со Нуклеарниот договор со Иран израелскиот премиер влезе во отворен вербален судир со американската Администрација, која цврсто стои во одбрана на текстот и се обидува да издејствува негово усвојување од страна на Конгресот.

Американскиот Стејт департмент денеска до Конгресот на САД го достави Договорот на усвојување, со што од утре почнува 60-дневниот период во кој конгресмените треба да го разгледаат и да се произнесат по документот.

На одобрување на Договорот се противат најголемот дел од републиканските конресмени, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, но и дел од претставниците на Демократската партија на американскиот претседател Барак Обама.

Белата куќа најави дека во случај Конгресот да не го одобри Договорот, Обама ќе стави вето на таквата одлука. За отфрлање на претседателското вето потребно е двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, за што постојат мали шанси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски