Нетанјаху: Ајатолахот Хамнеи е „современ Хитлер“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори својата поддршка за промена на режимот во Иран, сугерирајќи дека сегашната војна би можела да ги олесни договорите за нормализирање на односите меѓу Израел и арапските држави.

Во интервју за телевизијата Канал 14, Нетанјаху рече дека ја гледа промената на режимот во Техеран од историска перспектива, објави „Тајмс оф Израел“.

„Персискиот цар Кир ги ослободи Евреите, а денес еврејската држава може да ги ослободи Персијците. Не го велам тоа во смисла дека ние го правиме тоа за нив. На крајот на краиштата, тие мора да се заложат за себе, но ние создаваме услови и затоа тоа може да биде значајно“, рече Нетанјаху.

Тој двапати за време на интервјуто рече дека „80 проценти од Иранците ја мразат својата влада“, без да прецизира на што го темели своето тврдење.

Нетанјаху го нарече врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, „современ Хитлер“ и потврди дека Израел планира да уништи „голем број објекти на иранскиот режим“ во својата воена операција.

Нетанјаху изрази верување дека војната претставува пресвртница во регионот на Блискиот Исток и додаде дека на Блискиот Исток ќе се појави реалност каква што не е видена досега.

„Ќе видиме поинаков Блиски Исток, реалност каква што не сме виделе досега. Заканата со која се соочуваме сега е Иран. Или ние или тие“, рече израелскиот премиер, додавајќи дека резултатот од војната ќе биде дополнително отворање на арапскиот свет кон Израел.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Техеран: Гроси знае дека нашата нуклеарна програма е за цивилни цели

Израел ги прими останките на двајца заложници

Google и Amazon имаат таен договор со Израел за користење код за предупредување

Катерина Ѓуровски