Нетанјаху предупреди: Ова не е крај

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека конфликтот со Иран и неговите сојузници сè уште не е завршен, и покрај прекинот на огнот, нагласувајќи дека Израел продолжува да ги постигнува своите цели.

„Ова не е крај на војната, туку само запирање на патот кон постигнување на сите цели“, рече Нетанјаху за време на своето обраќање до јавноста.

Нетанјаху истакна дека Израел значително го ослабнал Иран, тврдејќи дека земјата е вратена „години назад“.

Според него, израелските операции уништиле не само ирански ракети, туку и капацитети за нивно производство.

„Иранците го користеле само она што им останало во залихите“, рече тој, додавајќи дека Израел нема да се повлече од решавањето на прашањето за нуклеарната програма на Иран, вклучително и збогатениот ураниум.

Тој нагласи дека овој проблем ќе биде решен „или со дипломатија или со сила“.

Зборувајќи за односите со Соединетите Американски Држави, Нетанјаху нагласи дека постои постојана координација со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Разговараме секој ден“, рече тој, со порака на благодарност за поддршката и сојузништвото.

Тој додаде и дека Израел не е изненаден од одлуката на САД за примирјето со Иран.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху ја губи власта на почетокот на следната недела

А1он

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху