Немири во Источен Ерусалим, повредени 14 Палестинци

Од:

Четиринаесет Палестинци се повредени во немирите во источен Ерусалим, по интервенцијата на полицијата. Нередите избија во Шеик Џарах меѓу Палестинците и ултранационалистичките Евреи.

Полицијата доцна синоќа со вода ги растера насобраните за да ги смири немирите. Полицијата соопшти дека најмалку 12 лица се уапсени.

Заканите од еврејските доселеници за иселување на Палестинците од Шеик Џарах и другите населби предизвикаа протести и судири минатата година кои на крајот доведоа до единаесетдневна војна меѓу израелската војска и исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во Појасот Газа.

Израел го освои Источен Ерусалим заедно со Западниот Брег и Појасот Газа во војната во 1967 година. Подоцна Источен Ерусалим беше анектиран, но поголемиот дел од меѓународната заедница не го призна.

Палестинците сакаат тој дел од Ерусалим да биде главен град на нивната идна независна држава, додека израелските лидери тврдат дека обединет Ерусалим е вечниот главен град на Израел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“