Нема шанси за помилување на Австралијанците осудени на смрт во Индонезија

Од:

Кабинетот на претседателот на Индонезија Јоко Видодо денеска до медиумите испрати кратко соопштение во кое се вели дека ставот на претседателот во врска со извршувањето на смртната казна на 11 нарко-дилери не е променет.

Тоа значи дека и двајцата австралиски државјани Мјуран Сукарман и Ендрју Чан деновиве ќе застанат пред стрелачкиот вод, иако австралиската јавност се надеваше дека последната интервенција на премиерот Абот ќе ги спаси од егзекуција.

Двајцата Австралијанци биле на чело на бандата која во 2005 година се обидела на островот Бали да прошверцува голема количина наркотици.

Индонезија, соочена со проблемот на огромен број нарко зависници во 2006 година реши со изрекување на најстрогата казна да влијае на намалување на растурањето наркотици, рецепт што со децении успешно се спроведува во соседниот Сингапур.

Во 250 милионската Индонезија сега се регистрирани над 4 милиони нарко зависници. Најмалку триесетина од нив дневно умираат поради предозираност, а државата нема капацитети за нивна рехабилитација.

Индонезиската полиција денеска протера една австралиска новинарка која известувала за судбината на австралиските осуденици на смрт. Таа во Индонезија дошла со туристичка виза.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници