Нема продажба на ТикТок во САД

Од:

Кинеската компанија Бајтденс (ByteDance), сопственик на популарната апликација ТикТок, го извести Мајкрософт дека нема да го продава американскиот бизнис, а наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Оракл.

– Бајтденс нè извести дека нема да ги продава американските операции на ТикТок на Мајкрософт. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на ТикТок и заштитата на интересите на националната безбедност, се вели во соопштението на Мајкрософт.

Бајтденс се откажа од продажба на ТикТок во САД, а добро информиран извор за некои американски медиуми изјавил дека кинеската компанија се согласила да соработува со оракл за да избегне забрана за деловно работење во САД.

Договорено е Оракл да биде технолошки партнер на Бајтденс и да го преземе управувањето со американските кориснички податоци на ТикТок, рекол изворот.

Оракл преговара и за преземање на уделот во работењето на ТикТок во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во август му даде рок на Бајтденс да го продаде или суспендира американскиот дел од работењето на својата апликација ТикТок, или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ