Нема потврда дали Басеску ќе се кандидира за генерален секретар на НАТО

Од:

Претседателството на Романија вчера изјави дека ниту една државна институција не најави дека претседателот на државата Трајан Басеску би можел да се кандидира за генерален секретар на НАТО.

Соопштението кое го објави претседателскиот портпарол Богдан Опреа, е издадено по неодамнешните шпекулации во медиумите дека Басеску ќе се кандидира за лидер на НАТО, пренесе агенцијата „Аѓер прес“.

На сегашниот генерален секретар на Алијансата Андерс фог Рамунсен, оваа година му истекува четиригодишниот мандат, но Северноатлантскиот совет, како главно политичко тело на НАТО, одлучи тој да остане на функцијата до 31 јули 2014 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата