Нелегален имигрант од Брегот на Слоновата коска се самозапали на аеродромот во Рим

Од:

Нелегален имигрант од Брегот на Слоновата Коска, кој требало да биде депортиран од Италија, се самозапали денеска на меѓународниот аеродром „Леонардо да Винчи“ во Рим.

Мажот пред да помине преку одделот за проверка на главниот терминал за патници кои заминуваат, се полеал со запаллива течност и се потпалил.

Полицајци успеале да го изгаснат огнот, а мажот бил веднаш пренесен во болница со тешки изгореници по телото.

Од безбедносни причини патниците кои се наоѓале на терминалот биле евакуирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески