Неколку повредени во судирите на Ридот на храмот во Ерусалим

Од:

Неколку Палестинци се повредени во судирите што избија денеска меѓу безбедносните сили и Палестинците на Ридот на храмот во Ерусалим, соопшти израелската полиција.

Стотици млади Палестинци на Ридот на храмот изградија бариери од железни шипки и камења за да спречат пристап до светилиштето.

Ридот на храмот е третото најсвето место во исламот. Сепак, тоа е исто така свето и за Евреите бидејќи некогаш таму имало два еврејски храма.

Евреите во моментов ја слават Пасха, а еден од обичаите е аџилакот во Ерусалим.

Ридот на храмот се наоѓа недалеку од базиликата на Светиот гроб, каде што христијаните утрово имаа велигденска миса.

Палестинците фрлале камења во правец на автобусот, кој се движел кон Стариот град на Ерусалим, при што се повредени неколку патници, соопшти полицијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Американски дипломат е пронајден мртов во Израел

Растат тензиите во Ерусалим на две недели пред светиот муслимански месец Рамазан

ВИДЕО: Напад во Ерусалим, има мртви

Израел: Напаѓачите во Ерусалим веќе биле во затвор поради тероризам

Израел: Цивилите во Ерусалим беа застрелани од Хамас

Горан Наумовски