Неколку Израелци ранети во напад во палестинскиот град Наблус

Од:

Неколку Израелци се ранети откако синоќа влегле во палестинскиот град Наблус на Западниот Брег и се нашле под оган, соопшти денеска израелската армија.

Израелците отишле во еврејското светилиште во градот, но не договориле посета со војската како што е вообичаено согласно строгите мерки за претпазливост.

Кога избила престрелката, војниците влегле во градот, кој е под контрола на палестинските власти и нивните безбедносни сили, за да ги евакуираат Израелците, се вели во военото соопштение.

На Израелците им е забрането да влегуваат во области под целосна палестинска контрола, иако некои сè уште го прават тоа, пренесе Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови сведоштва од Газа: Половина од населението буквално гладува, лекарите немаат контрола на бројот на мртви и повредени

Нема безбедни точки за цивилите во Газа тврдат Обединетите нации и Палестинците

(ВИДЕО) Во детска болница во Газа откриени тела на мртви бебиња, објавени сознанијата за морбидниот случај

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од борби меѓу израелската армија и Хамас во училиште

Администрацијата на Бајден бара од Конгресот да одобри продажба на гранати на Израел

Катерина Ѓуровски

Вашингтон ја блокираше резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа

Катерина Ѓуровски