Неисправна електронска цигара запалила и принудно приземјила американски патнички авион

Од:

Патнички авион на американската авиокомпанија „Американ ерлајнс“ извел принудно слетување на аеродромот во Литл рок, главниот град на сојузната држава Арканзас, заради мал пожар што се појавил во леталото, пренесоа американските медиуми.

Инцидентот се случил вчера. Авионот бил на редовната линија од Далас, во државата Тексас, за Индијанаполис, во државата Индијана. Во авионот имало 137 патници и пет члена на екипажот. Нема настрадани во пожарот и при принудното слетување.

Патниците биле префрлени во друг авион.

Леталото било вратено назад во Далас на детален преглед, но не биле откриени никакви оштетувања во него.

Пожарот се појавил заради неисправност на електронска цигара, што му припаѓала на еден од патниците. Огнот набрзо бил изгаснат.

Според правилата на Федералната Управа за цивилна авијација не е дозволена употреба на електронски цигари во авионот. Забрането е тие да се оставаат и во чекираниот багаж, но може да се пренесуваат во рачниот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница