Недостигот од силно лидерство ја прави Европа поранлива на тероризмот

Од:

Гардијан – Лондон

Европа е во лоша состојба за да може да се одбрани од терористичката закана што секојдневно се приближува од нејзиниот блискоисточен праг. Политичките поделби, разочараноста на народите, слабата економија, отсуството на лидерство и жестока меѓународна нестабилнот – ги направи западните демократии исклучително кревки во сегашниот миг.

Природата на заканата – раширена, скриена, импровизирана и произволно насочена против цивили – ја прави заштитата од неа невозможна. Кога нападите се извршени од напаѓачи од типот „волк самотник“, како на пример масовното прегазување на луѓе со камион во Ница минатиот јули на Денот на Бастиља, проблемот станува уште поголем. Се уште не е јасно дали напаѓачот возач на камионот во Берлин бил сосема сам и какви биле неговите мотиви.

Нападот во Берлин можеше да се случи каде било. Тоа и се случи. Полицијата спречи напад врз божиќен панаѓур во Лудвигсхафен во југозападна Германија, планиран од 12-годишно момче со германско-ирачко потекло. Минатиот месец француските власти уапсија петмина осомничени дека планирале напад врз божиќен панаѓур на булеварот Шанз Елизе.

Дури ни Ангела Меркел не е имуна на негативните политички реакции кога терористите го извршија нападот во Берлин. Несогласувањата во нејзината владејачка коалиција за политиката на отворени врати за мигрантите и подемот на германските расистички и ксенофобични екстремно десничарски партии ја туркаат кон политичката десница. Ако продолжи таквата динамика, може да ги направи неизвесни нејзините преспективи за реизбор на есен догодина.

Уште поголема е неизвесноста околу резултатот од претседателските избори во Франција следната пролет, на кои Марин Ле Пен, лидерката на Националниот фронт веќе се очекува да помине добро. Набљудувачите велат дека нови терористички напади во Франција каде антимуслиманите чувства се засилуваат, можат да ги наклонат избирачите кон Националниот фронт.

Слични наклонувања како резултат на реакцијата на јавноста може да се очекуваат и во Холандија, каде гласачите ќе бираат нов Парламент во март. Партијата на антиисламискиот екстремист Герт Вилдерс сега е во водство според анкетите на јавното мислење.

Сфаќањето на тактиката на терористите не е тешка работа. Групата Исламска држава (ИД) и нејзините симпатизери во Европа целосно го сфаќаат потенцијалот на нападите планирани да бидат извршени во момент што ќе предизвика политички катаклизми и ги експлоатираат стравувањата на луѓето и очигледната неспособност на политичката елита да ги заштити. Последици од тоа се се повеќе злосторства мотивирани од омраза, кои за цел ќе ги имаат муслиманите (а исто и другите религизони и етнички малцинства), што ја наведува водата на воденицата на терористите.

Од друга страна, прогнозите дека електоратот може во својата паника од насилниот екстремизам да го поддржи политичкиот екстремизам, можеби ја потценуваат демократската солидарност која често пати беше демонстрирана по терористичките напади.

Примери за тоа се нервозните реакции на парижаните по нападите врз „Шарли ебдо“ и Батаклан минатата година. Либералната демократија е често пати најсилна кога е најтешко ранета.

Ако ја оставиме настрана Меркел, Европа изгледа уште поранлива, бидејќи изгледа дека и недостасуваат силни лидери на кои може да се потпре. Во Франција, Франсоа Оланд е претседател со најнизок рејтинг откако се водат статистиките. Италијанскиот премиер реформатор поднесе оставка. Шпанија изгледа неспособна да постигне согласност по прашањето кој да ја раководи. Во Велика Британија, Тереза Меј стана премиер без да мине на избори.

Тој дефицит на политичка легитимност се протега и до врвовите на ЕУ, каде Жан Клод Јункер, конфликтниот претседател на Европската комисија, е дискредитиран. Последните европски избори беа одбележани со рекордно ниска излезност на гласачите. А Брегзитот ја фрли Европа во збунетост токму во момент кога таа требаше да ги надмине своите економски проблеми, да се справи со мигрантската криза и да ја засили својата одбрана од терористите.

Во меѓувреме, ИД која е ставена под силен притисок во Сирија и Ирак, отворено се обидува да ја пренесе својата борба против „непријателот“ во срцето на Европа. И Европа не може да очекува голема помош од Доналд Трамп, кој е фокусиран на внатрешни проблеми. Не е сигурно дали Европа ќе може да се справи со тоа.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј