Папата Франциско денеска одржа неделна молитва преку Интернет од Ватикан поради коронавирусот. По молитивата, тој сепак, отиде пред прозорецот и ги поздрави мирно стотиците луѓе кои се собраа на огромниот плоштад, кој често привлекуваше десетици илјади луѓе.
Повеќето одржуваа безбедно растојание меѓу себе додека го гледаа обраќањето на папата на екрани.
Ова е првпат папата да ја одржи неделната молитива преку Интернет, а не од неговиот прозорец, од 2013 година, откако беше избран за папа, освен кога патува надвор од Рим.
„Во молитвата, јас сум блиску до сите кои страдаат од сегашната епидемија на вирусот корона и со сите што се грижат за нив“, истакна тој.
Папата ги охрабри верниците да го живеат овој тежок момент со помош на силата на верата, надежта и милоста. За време на своето обраќање, папата Фрањо, исто така, повика на прекин на конфликтот во северозападна Сирија.