„Не сум лекар, ама Путин е здрав“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е здрав и нема сериозни спортски повреди, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Во интервју за финските медиуми, на прашањето за здравјето на Путин, Медведев одговори дека „не е лекар“. На повтореното прашање, тој возврати дека „секој има право да води сметка за своето здравје“ и додаде дека и претседателите и премиерите мораат да вежбаат за да бидат во добра форма.

И претседателот Путин мора да спортува за да биде во форма. Тој е жив и здрав, и се е во ред со него“, рече Медведев.

Портпаролот на Путин неодамна потврди дека претседателот имал некоја стара спортска повреда, но таа не влијае на неговите работни активности.

Би можело да ве интересира

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји