Не стивнува шокот од петкратното чедоморство во Германија, мајката ќе биде обвинета

Од:

Обвинителите во Германија најавија обвинение против 27-годишната жена која пред два дена уби пет од сопствените деца на возраст од една до осум години, а потоа се обиде да се самоубие.

Хериберт Кауне-Гебхарт, обвинител во соседниот град Вупертал, им изјави на новинарите дека обдукциите на телата на децата покажале знаци на успивање и задушување, но и дека сè уште не е јасно како точно тие умреле.

Шестото дете, кое има 11 години и е нејзиното најстаро, жената дента го испратила кај баба му, пред да се обиде да се самоубие скокајќи под воз на железничката станица во Диселдорф. Таа претрпела тешки повреди, но животот не ѝ е загрозен, а истражителите сè уште не ја испрашале, изјавија надлежните.

Убиствата предизвикаа шок низ цела Германија. Во Золинген, индустриски град на околу 20 километри од Диселдорф, кандидатите за претстојните локални избори ги запреа кампањите. Протест против екстремната десница, закажан за во петокот, беше заменет со меморијална служба на главниот плоштад во градот.

„Нашите надлежни ќе направат сè за да го истражат случајот,“ изјави гувернерот на државата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет. „Мислите на огромен број луѓе се со семејството, со бабата, момчето што преживеа и со сите кои се засегнати од овој настан“.

Полицијата во Вупертал соопшти дека бабата на децата, која живее во друг град, се јавила во полиција во четвртокот околу 2 часот попладне за да пријави можен злостор. Полицајците кои пристигнале во домот на семејството за неколку минути, ја скршиле вратата и ги нашле трите девојчиња на возраст од една, две и три години, како и двете момчиња на шест и осумгодишна возраст, мртви во нивните кревети.

Немало знаци на физичко насилство, изјави Марсел Мајерхофер од полицијата во Вупертал, кој ја предводи истрагата за убиството.

Истражителите досега утврдиле дека 11-годишниот син на жената кобното утро заминал на училиште како и секој вообичаен ден. Мајка му подоцна го зела од училиштето и му кажала да оди во куќата на баба му, вели Мајерхофер.

Потоа, жената ѝ испратила порака на мајка си дека „не може да продолжи понатаму,“ спомнувајќи ги проблемите во бракот со 28-годишниот татко на четирите најмали нејзини деца.

„Околу мотивот, можеме само да шпекулираме дека основната причина потекнала од растурениот брак. Двојката една година живеела разделено“, вели Мајерхофер.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад