Не го оставаат сам: Со Зеленски во Белата куќа одат најмоќните луѓе во Европа

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре нема да седи сам со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Како што пишува Би-би-си, исклучително голем број европски лидери доаѓаат во Вашингтон, што е невиден настан.

Според Би-би-си, првичниот план бил средбата да биде билатерална, само меѓу Трамп и Зеленски. Но, сега таа се претвори во собир каде што, заедно со украинскиот претседател, ќе учествуваат и највлијателните европски лидери. Станува збор за членовите на таканаречената коалиција на добронамерните, кои сакаат да ја нагласат својата поддршка за Киев, а во исто време да испратат заедничка порака до Вашингтон.

Би-би-си нагласува дека ваков собир не е виден со децении. „Не можам да се сетам на време кога толку многу европски лидери – и за толку краток временски период – решиле да дојдат преку Атлантикот за да лобираат за едно прашање“, вели политичкиот дописник на Би-би-си, Метју Кол.

Една од клучните цели ќе биде обезбедување безбедносни гаранции за Украина по евентуален мировен договор. Според Би-Би-Си, на сите им е јасно дека членството во НАТО во моментов не е на маса, па затоа европските лидери сакаат да добијат гаранции од Трамп што би обезбедиле заштита на Украина во случај на нова руска агресија.

Планирани се и дискусии за територијални прашања, кои остануваат централна точка на сите преговори. Европејците сакаат да го потсетат Трамп на границите од кои Украина не може и нема да се откаже.

Би-Би-Си потсетува дека постои нервоза меѓу европските лидери по неодамнешниот самит меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Потоа Трамп стави до знаење дека прекинот на огнот може да се прескокне и мировниот договор може веднаш да се започне, што предизвика шок и загриженост во Киев. Токму затоа тие сега доаѓаат во Вашингтон во голем број – за заеднички да влијаат врз американскиот претседател.

Како што истакнува дописникот на Би-Би-Си, една од задачите на европските лидери ќе биде „управување со Трамп“. По хаотичниот состанок во февруари, кога имаше вербален конфликт пред камерите во Овалната соба, Зеленски е свесен дека не смее да ризикува уште едно фијаско.

Присуството на европските лидери затоа му обезбедува политичка заштита и ја намалува можноста за повторување на сцената што предизвика голема штета на неговиот имиџ.

Би можело да ве интересира

Трамп: Го убивме најактивниот терорист во светот

А1он

Која е актерката поради која Емануел Макрон наводно беше удрен од Брижит Макрон

Предраг Петровиќ

Тревога во Киев: Резиденцијата на Зеленски и уште 20 клучни цели се цел на напад

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

„Ништо од Кина не е дозволено во авионот“: Американската делегација ги фрли сите предмети што им ги дале кинеските функционери

Предраг Петровиќ

Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош во војната со Иран

А1он