Навални: Пресудата во Стразбур е важна за останатите политички активисти во Русија

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави денеска дека неговата победа која ја остварил со пресудата од Европскиот суд за човекови права, е историска и важна за останатите политички активисти во Русија, кои се соочиле со прогон од државата.

Судот во Стразбур денеска донесе пресуда дека апсењата на Навални биле политички мотивирани. Најпознатиот политички противник на рускиот претседател Владимир Путин помина над 140 денови зад решетки во изминатата една и пол година.

Судот, исто така, издаде наредба Русија да му исплати отштета од 63.000 евра на Навални.

Обраќајќи се пред новинарите, Навални истакна дека денешната пресуда претставува пример за „изворна правда“ и е важен сигнал за многу луѓе во Русија кои се соочуваат со селективни апсења поради своите политички активности.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски