Навални повторно обвинет за екстремизам

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и неколку негови блиски соработници повторно се обвинети за екстремизам и може да добијат долгогодишни затворски казни, објавија денеска руските обвинители.

Според Истражниот комитет, кој спроведува големи кривични истраги во Русија, Навални и неговите соработници се обвинети за „основање и водење екстремистичка организација“, која повикува на „промена на власта со насилство“ од 2014 до 2021 година.

Организациите на Навални во јуни беа забранети поради екстремизам, пред изборите на 19 септември.

Партијата Единствена Русија на Путин победи на изборите, а на радикалната опозиција не и беше дозволено да учествува.

Цел на новата кривична истрага се двајцата најблиски соработници на Навални, Иван Жданов и Леонид Волков, кои со месеци живеат во егзил, како и многу други противници на Путин.

Предмет на истрагата е и Љубов Собол, уште една од соработничките на Навални.

Доколку бидат осудени, Навални, Жданов и Волков се соочуваат со затворска казна од шест до 10 години, а другите како Собол од две до шест години.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски