НАТО времено ја преместува Командата во Романија

Од:

Следниот месец НАТО времено ќе ја премести Командата на здружените сојузнички сили од Италија во Цинцу, централниот дел на Романија, изјави денеска врховниот командант на Алијансата, адмирал Марк Фергусон.

Командата ќе биде преместена 12 дена во јуни со цел да помогне во воените вежби на НАТО, во кои учествуваат илјада војници од 21 држава-членка на Алијансата.

Цинцу е најголем воен полигон во Романија и се наоѓа на околу 180 километри северозападно од Букурешт.

– Тоа ќе биде првпат седиштето на Командата на здружените сили на НАТО да се наоѓа во Романија, истакна Фергусон.

НАТО, истовремено, ќе спроведува маневри во Полска, балтичките земји и во Балтичкото Море.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата