НАТО: Русија одржува воени вежби без најава

Од:

Русија се повеќе извршува ненајавени воени вежби и тоа дополнително ги заострува односите со НАТО, изјави денеска заменикот генерален секретар на Алијансата Александер Вершбоу.

За време на посетата на Букурешт, Вершбоу рече дека имало десетина такви вежби во изминатите две години наведувајќи дека тие се дозволени поради „дупки“ во безбедносниот договор потпишан со западни држави.

Вершбоу напомена дека членките на НАТО не одржале ненајавени воени вежби уште од крајот на Студената војна. Според него, НАТО сака да развие начини за стабилизација на исклучително незадоволителните односи со Русија.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски