НАТО разгледува можност за засилување на своето „источно крило“

Од:

Министрите за одбрана од НАТО на денешната средба во седиштето во Брисел ќе ја разгледуваат можноста за зголемување на присуството на Алијансата во Црното Море и во Летонија, Литванија, Естонија и Полска, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пред почетокот на дводневното заседание.

Тој забележа дека распоредувањето на четирите дополнителни баталјони е поврзано со распределувањето на руските воени сили по границата на Пактот.

– Важно и неопходно е НАТО да одговори, кога забележува дополнително присуство на руски војници, појасни Столтенберг. – Русија покажа дека е подготвена да користи воена сила против своите соседи, го видовме тоа во Грузија и Украина, додаде тој.

Генералниот секретар истакна дека од неодамна Русија врши ненајавени воени вежби и поставува нуклеарни ракети во Калининград.

– Русија продолжува да ја дестабилизира источна Украина со укажување на поддршка на сепаратистите. Тоа не помага во непредливливоста на нашите односи. Руската поддршка за режимот на сирискиот претседател Башар Асад буди силна загриженост. Ја повикувам Русија да вложи вистински напори за ставање на крај на насилството и обезбедување на хуманитарен пристап до Алепо, објасни Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата