НАТО побара Турција да се придружи кон санкциите на ЕУ кон Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ја повика Турција да се придружи кон економските санкции на Европската унија кон Русија.

Апелот до Турција беше упатен на денот кога Русија и Турција треба да разговараат за зголемување на стоковната размена од сегашните 33 милијарди до 100 милијарди долари во 2020 година.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Анкара.

– Се разбира дека побарав колку што е можно повеќе држави да ги поддржат санкциите воведени од ЕУ и САД. Сметам дека треба да има последици кога една земја е одговорна за агресивни акции, какви што гледаме во Украина.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата