НАТО по еден месец ќе решава за испраќање нови сили во Авганистан

Од:

Земјите-членки на НАТО решија да си дадат рок од еден месец за да одговорат на барањето на САД за испраќање на дополнителен број свои војници во Авганистан, соопшти во Тирана претседавачот на Воениот комитет на Алијансата, генерал Петер Павел.

Павел информира дека на заседанието на Воениот комитет на НАТО што се одржа во Тирана, началниците на генералштабовите на земјите членки на Алијансата се согласиле дека е неоходно испраќање дополнителни сили во Авганистан, но се договориле за ова прашање да донесат одлука по еден месец, со цел да имаат време да ги информираат своите влади за барањата на САД, кои на средбата ги изнел началникот на Здружениот генералштаб на американските Вооружени сили, генерал Џозеф Данфорд.

На заедничкате прес-конференција со Павел, по завршувањето на заседанието на Комитетот, командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Сакапароти информира дека учесниците на средбата се договориле повторно да се сретнат во текот на октомври, кога ќе дадат „точни одговори на барањата на САД“.

Тој дополни дека неколку членки на НАТО веќе најавиле подготвеност да испратат доплнителни војници во Авганистан, но одби да каже за кои земји станува збор и за колкави контингенти.

Единствено Албанија официјално соопшти дека е подготвена да испрати уште триесетина војници во рамки на нејзиниот контингент во Авганистан, кој сега бори 83 припадници на Вооружените сили.

САД уште претходно најавија дека ќе бараат од членките на Алијансата да испратат дополнителни сили во Авганистан, но не посочија конкретна бројка. Меѓутоа, според анонимни извори во Пентагон, САД бараат од своите сојузници во оваа централноазиска земја да испратат уште 4.000 војници.

Според податоците на Пентагон, во моментов во Авганистан се стационирани околу 11.000 американски вијници.

Скапароти на прес-конференцијата нагласи дека НАТО ќе работи на зајакнување на авганистанската одбрана според моделот на Ирак, каде ирачката армија, обучувана од западни експерти, води успешна борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Американскиот генерал додаде дека целта на НАТО е обука и доекипирање на авганистансите сили, со цел тиа да бидат способни да се справат со бунтовничките групи.

На заседанието на Воениот комитет на НАТО во Тирана за негов нов претседавач е избран началникот на Генералштабот на британските Вооружени сили, 62-годишниот воздухопловен генерал Стјуарт Пич, кој ќе го наследи Павел следната година.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина