НАТО очекува најдоцна до февруари да проработат системите „Патриот“ долж сириско-турската граница

Од:

Најдоцна до почетокот на февруари ракетните системи „Патриот“, разместени во Турција долж границата со Сирија, ќе проработат, на прес конференција соопшти портпаролот на НАТО Оана Лунџеску.

Во одговор на прашање во врска со француската воена операција во Мали таа прецизира дека НАТО нема врска со оваа интервенција, како и дека кон Алијансата по овој повод не биле упатени никакви молби и прашањето не бил разгледувано во организацијата.

Генерал Жан Пол Паломерос, командант за трансформациите на НАТО, по истиот повод додаде дека ова е национална операција, одобрена од француската влада во заштита на Мали.

-Многу сум горд од улогата на Франција во борбата со тероризмот во овој дел од светот, луѓето го жртвуваат својот живот во име на безбедноста и слободата, коментира тој.

Лунџеску забележа дека НАТО ги поздрави нациите кои работат на терен против терористичките групи во Мали и изрази надеж дека нивните активности ќе ги намалат терористичките закани.

-Многу сме растревожени од тамошната ситуација, таа му се заканува на мирот и стабилноста во Мали и регионот, изјави Лунџеску.

Генерал Паломерос забележа дека секоја во преземена операција на НАТО во последно време се повеќе се бараат податоци од разузнавањето. Тоа особено јасно се видело во Авганистан и во Либија.

-Тоа го наметнува развивањето на сили за постојано набљудување, разузнавање и анализа. Треба да ги искористуваме сите технологии, од клучно значење е развивањето на можностите за разузнавање на сите можни начини, додаде генералот.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица