НАТО објави подготвеност за распоредување на „југ“ на силите за брза реакција

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави денеска дека силите на НАТО за брза реакција имаат подготвеност за распоредување на „југ“, јави БТА. Toj додаде дека Алијансата нема намера да пристапи кон користење на тие сили, како и оти под „југ“ се подразбира реонот на Турција, Сирија и Ирак.

Столтенберг соопшти дека денеска министрите за одбрана од пактот дале зелено светло за целосниот план за готовност. Имаме се што е неопхподно да ги направиме силите за брза реакција поспособни и побрзи, нивната бројност ќе биде до 40.000 лица, додаде тој.

Генералниот секретар појасни дека тие сили ќе можат да се распоредуваат насекаде и во многу куси рокови, за да задржат или да одговорат на агресија.

Министрите од НАТО денеска го утврдија оспособувањето на два нови командни центри – во Унгарија и во Словачка. Тие центри, заедно со веќе оспособените структури во Бугарија, Полска, Романија, Литванија, Летонија и Естонија, ќе помагаат за распоредување на силите за брза реакција на Алијансата.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата