НАТО: Летовите на руските ловци се попровокативни од претходно

Од:

Врховниот командант на силите на НАТО во Европа, Филип Бридлав денеска изјави оти при навлегувањето на руските воени авиони и ловци во европскиот воздушен простор примениле „поголеми, покомплексни летачки формации“ и дека авионите летале „на попровокативни рути од вообичаено“.

Тој на прес-конференцијата во Пентагон посочи дека претходно еден или два руски авиони го нарушувале европскиот воздушен простор.

Бридлав наведе дека намерата на таквите акции на руското воено воздухопловство е да му покаже на Западот дека Русија е голема сила.

– Мое мислење е дека тие со тоа ни испраќаат порака. Порачуваат дека се голема сила. Летовите на руските авиони во европскиот воздушен простор претстaвуваат причина за загриженост и не придонесуваат за сигурна и стабилна ситуација, истакна Бридлав.

Според податоците на НАТО во 2014 година имало повеќе од стотина пресретнувања на руската авијација, што е приближно трипати повеќе од минатата година.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата