НАТО ја зголемил активноста близу руската граница за 80 отсто

Од:

Интензитетот на борбените вежби на НАТО во 2014 година зголемен е за 80 отсто, изјави денеска началникот на Директоратот на главните операции на Генералштабот на Русија генерал полковник, Андреј Картаполов.

Тој вели дека раководството на НАТО не се ни обидело да ја сокрие јасната антируска ориентација на тие активности, пренесува Танјуг.

За време на тој период НАТО ги групирал силите на земјите членки во балтичките држави, составени од десет илјади војници, 1.500 вооружени возила, 80 авиони и хеликоптери и 50 воени бродови, рече Картаполов на четвртата конференција за меѓународна безбедност.

Според неговите зборови за време на вежбите стратешките бомбардери на американските воздухопловни сили извршувале стратешки задачи.

Тој рече дека САД планираат да ги поддржат источно-европските сојузници со крстосувачки ракети од долг дострел, што ќе овозможи авионите на НАТО да погаѓаат цели до 1300 километри внатре во руската територија.

Во случај на воен судир, чувствителните објекти на територијата на речиси целиот европски дел на Русија ќе бидат ранливи кога се во прашање воздушните напади на НАТО, бидејќи времето на летот на ракетите ќе биде преполовено, предупреди Картакалов.

Воедно тој укажа и на зголемените разузнавачки активности на НАТО во Црното море.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата