НАТО испраќа претходница во Источна Европа

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави денеска дека Алијансата ќе распореди мали единици за координација на ударните сили во шест источноевропски држави членки, како одговори на „руската акција во Украина“.

Столтенберг истакна дека НАТО ќе распореди единици во Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Бугарија и Романија, како и дека министрите за одбрана на 28-те држави членки на НАТО ќе разговараат на 5 февруари за силите за брза реакција, кои би можеле за кусо време да реагираат во кое било жариште на територијата на Европа.

Малите единици на претходницата ќе бидат составени од неколку десетици војници и ќе планираат и организираат воени вежби, а ќе обезбедуваат и команда и контрола за евентуални засилувања.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата