НАТО и Русија разменија информации за распоредувањето свои сили во Европа

Од:

НАТО и Русија остануваат во спор околу состојбата во Украина, но разменија инфромации за распоредувањето на своите сили во другите делови на Европа, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

По средбата на Советот НАТО-Русија во Брисел, Столтенберг изјави дека инсистирал Москва „да го искористи своето значително влијаие меѓу милитантите“ во источна Украина, со цел да ги натера да ги почитуваат обврските што ги презедоа за прекин на конфликтот.

Русија од своја страна ги инфромирала амбасадорите на земјите членки на НАТО за распоредувањето на свои војници долж руската западна граница, додека Алијансата ги известила руските претставници за стационирањето на сојузничките трупи во балтичките земји и Полска.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста