НАТО: 2014 беше „црна година“

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека 2014. била „црна година“ за европската безбедност и оти Северноатлантската Алијанса мора да се соочи со предизвиците кои Русија ги поставува на источните граници на нејзините членки, пренесе „Танјуг“.

– Минатата година воопшто не беше добра, всушност беше црна година, рече Столтенберг, претставувајќи го редовниот годишен извештај за активностите на Алијансата.

Тој ги повтори претходно искажаните обвиненија дека Русија ја дестабилизира Украина и го крши меѓународното право, но изјави дека НАТО нема намера  властите на самопрогласените републики во Украина да ги стави на списокот терористички организации.

– Тоа не е наш пристап, одговори Столтенберг на прашањето дали властите во Доњецк и Луганск ќе бидат третирани како терористи, како што побараа балтичките членки на НАТО.

Генералниот секретар скрена внимание и на тоа дека и покрај санкциите, Русија забрзано инвестира во војската, додека западно-европските земји ги намалуваат буџетите за одбрана.

Столтенберг се осврна и на се поголемата опасност од „Исламската држава“ и другите екстремистички организации кои се обидуваат да го пренесат џихадот на улиците на европските градови.

Генералниот секретар најави дека на маргините на претстојната Минхенска конференција за безбедност ќе има неформална средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата