Нетанјаху: Палестина мора да ја признае „еврејската земја“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека палестинското барање за стекнување статус на земја нечленка набљудувач во Обединетите нации нема да го забрза палестинското барање на статусот призната држава.

-Палестина не може да добие статус на држава во ОН се додека претходно не го признае Израел како “еврејска татковина“, додека не ги запре судирите со еврејската земја, и додека не ги прифати договорите за заштита и сигурност на Израел, порача Нетанјаху.

Генералното собрание на ОН на денешната седница ќе расправа и гласа за палестинското барање за стекнување статус на нечленка набљудувач, што во многу нешто ќе го одреди натамошниот тек на случувањата на Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел