Наставата е откажана во училиштата во Мексико поради активноста на вулканот Попокатепетл

Од:

Властите во Мексико ја откажаа наставата во училиштата за повеќе од 100.000 ученици во неколку градови лоцирани во близина на вулканот Попокатепетл, чија активност е засилена во последните денови.

Наставата беше прекината во јавните и приватните училишта на сите нивоа во 22 града поради релативно мали, но силни ерупции што доведоа до паѓање на пепел, пренесува Ројтерс.

Учениците привремено ќе ја следат наставата онлајн бидејќи пепелта и гасовите исфрлени од ерупциите можат да бидат штетни, а во најлош случај може да доведат до масовна евакуација на населението.

Училиштата во главниот град останаа отворени, но властите препорачаа да се избегнуваат активности на отворено.

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го задржа жолтото ниво на тревога, што укажува на умерен ризик.

Попокатепетл е висок 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Мексико.

Се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина, а околу 25 милиони луѓе живеат во зона од 100 километри од кратерот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Силен земјотрес го погоди Мексико

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски