Населението во Египет се зголемило за 1,6 милиони годинава

Од:

Населението во Египет се зголемило за 1,6 милиони во 2022 година, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика, цитирана од весникот „Ал Ахрам“.

Во јануари годинава северноафриканската земја имала 102,8 милиони жители, а во декември тие веќе биле 104,4 милиони.

Во најнаселената област – Каиро, веќе живеат 10,2 милиони луѓе. На второ место е Гиза со 9,5 милиони.

Со сегашните стапки на раст, населението на Египет ќе порасне на 192 милиони луѓе во 2052 година, предвидува извештајот на Агенцијата за статистика. Пресметките покажуваат дека државата треба да ги удвои инвестициите во инфраструктурни проекти и јавни работи.

Во последниве години, египетските власти започнаа неколку кампањи и програми за намалување на наталитетот, одвојувајќи сто милиони египетски фунти (околу 5,2 милиони долари) за обезбедување на контрацептивни средства бесплатно или по намалени цени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски